Ракомет
Чупиќ: Имавме многу проблеми со одбраната и брзата транзиција на противникот
После поразот на Вардар, десното крило Иван Чупиќ одигра добар натпревар но не беше доволно.
Честитки за Монпелје, одиграа супер натпревар за разлика од нас. Ние првото полувреме имавме многу проблеми со вражањето на одбраната и со брзата транзиција на противникот. Мислам дека во некои моменти одигравме добро, дадовме 27 голови што е добро за финале. Морам да кажам дека ова не беше наш ден. – рече Чупиќ