Поврзи се со нас

Ракомет

Чупиќ за хрватските медиуми: Македонија и Вардар ми дадоа многу, не е се до парите

Хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ во опширно интервју за Index.hr зборуваше за репрезентацијата на Хрватска, но и неговиот живот во Македонија и играњето за Вардар.

-Мене Македонија многу ми даде, но и јас на неа и на Вардар. Блиски сме со менталитетот, тука сум со сопругата и децата, одат во градинка и училиште, среќни сме и задоволни. Кога си во некои години и кога ќе ги наредиш приоритетите, тогаш сфаќаш дека не е се во играње во топ клубови и голема плата. Јас сум тука со сопругата и децата, постигнав големи успеси, бев со Вардар два пати првак на Европа. Не можам да кажам дека нешто ми недостига, среќни сме во Скопје, вели меѓудругото Чупиќ.

Целото интервју на следниот ЛИНК.

 

 

 

Advertisement