Connect with us

Кошарка

Д`Анџело Расел го замени Виктор Олаидо во „Натпреварот на ѕвездите“

Бекот на Бруклин Нетс, Д`Анџело Расел ќе учествува во „Натпреварот на ѕвездите“ за прв пат во својата кариера.

Дваесет и две годишниот кошаркар беше номиниран лично од комесарот на Лигата, Адам Силвер како заменик на повредениот Виктор Оладипо, кој беше избран да учествува во резервите на Источната конференција.

Оваа сезона, Расел има во просек по 19,6 поени, 6,4 асистенции и 3,8 скока по натпревар.

„Натпреварот на ѕвездите“ ќе се одржи на 17 февруари во Шарлот.