Connect with us

Кошарка

Далас го декласира Кливленд со уште една одлична вечер на Лука Дончиќ

Кошаркарите на Далас вчера на свој паркет го декласираа Кливленд со 141:101.

Кливленд во Далас доживеа катастрофа иако во првата четвртина делуваа достта добро на паркетот. Резултатот после првата четвртина беше 29:26 за Далас, а во втората четвртина гостите започнаа да се распаѓаат.

Далас играше одлично и после првото полувреме јасно беше кој ќе слави на ово натпревар, домаќините поведо со 62:42.

После третата четвртина Далас имаше повеќе од 40 поени разлика и веќе тогаш беше јасно дека на Кливленд им се заканува вистинска катасторфа. Тие се обидуваа во продолжение на натпреварот да го ублажат поразот, но не успеаа и Далас славеше со 42 поени разлика со резултат 143:101.

Најефикасен во победата на Далас очекувано беше Лука Дончиќ кој постигна 30 поени и додаде уште 14 асистенции и седум скокови. Во домашниот тим се истакна Џастин Џексон со 19 поени и 6 скокови.

Кај Кливленд најдобар беше Дариус Гарланд со 23 поени, додека 18 поени додаде Чеди Осман.

13-та победа сезонава запишаа ЛА Лејкерси кои на гости славеа против Оклахома со 130:127. Лејкерси до победата ги предводеше Ентони Дејвис со 33 поени, 11 скокови и 7 асистенции, додека Леброн го заврши натпреварот со 23 поени, 14 асистенции 6 скокови.

Во дербито од вчерашната програма ЛА Клиперси на свој терен го победија Хјустон со 122:119. Клиперси до победа стигнаа преку Лу Вилијамс со 26 поени и Ленард кој постигна два помалку. Кај Хјустон Џејмс Харден го заврши натпреварот со 37 поени, 12 асистенции и 8 скокови.

Останатите резултати од НБА лигата: