Ракомет
Дали Атман, Стоилов и Горпишин ќе настапат против Мешков?
Вардар има проблеми со повредени играчи. Под знак прашалник е настапот на Атман, Стоилов и Горпишин. Еве што вели тренерот Едуард Кокшаров за можноста да се појават на неделниот натпревар проитв Мешков Брест.
Верувам дека Атман ќе биде во тимот во недела, додека за враќањето на Стоилов има еден момент кој се вика враќање во форма. До попладнево ќе знаеме точно какви повреди имаа и Атман и Горпишин, но реков бекот би требало да биде во состав. Столе верувам дека психички е подготвен да и помогне на екипата и на претходните натпревари, но и на овој, но не треба ништо да форсираме“, изјави тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров.