Connect with us

Фудбал

Дали Дибала заслужува да го носи бројот 10 во Рома? Еве што мисли за тоа Франческо Тоти

Дали Пауло Дибала ЗАСЛУЖУВА да го носи бројот 10 на грб како играч на Рома? Тоа е прашање кое трае откако Аргентинецот пристигна во Рим како слободен играч и го зеде бројот 21. Дибала би сакал да го носи бројот 10, но општо е познато дека тој е пензиониран во Рома со пензионирањето на Франческо Тоти.

Сепак, Тоти е тој кој смета дека не е исклучено Дибала да ја наследи неговата десетка. Славниот Италијанец објасни дека тоа може да се случи доколку Дибала остане во Рома уште 10 или 20 години. Со оглед на тоа дека Дибала веќе има 29 години, јасно е дека тоа е услов кој нема да може да го исполни.

Да потсетиме, Тоти 24 години од професионалната кариера мина во Рома, а Дибала минатата година пристигна како слободен играч по истекот на договорот со Јувентус. Тој одигра одлична прва сезона во која постигна 18 гола и осум асистенции на 38 настапи.