Други спортови
Дали е на повидок крај на големата тројка, Федерер вели: Јас, Новак и Рафа никогаш нема да бидеме помлади
Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, три големи тениски имиња, но и тројцата заминаа дома. Ниту еден од нив нема да го гледаме во финалето на завршниот АТП турнир во Лондон. За пехарот таму ќе се борат младите Стефанос Циципас и Доминик Тим.
За некои ова е изненадување, за други не. Сепак, прашањето со кое често се соочуваат овие тенисери е дали е ова крај на големата тројка.
-Немам ништо ново да кажам по ова прашање. Дали наредната сезона ќе биде подобра. Можеби, да. Но, Новак, Рафа и јас сега сме поздрави од претходните сезони. Сетете се на нашите повреди. Сепак, вистината е дека никогаш нема да бидеме помлади, тоа им дава шанса, вели Роџер Федерер.