Connect with us

Фудбал

Дали е на повидок сензација, Мбапе не оди во Реал, туку по стапките на Тиери Анри?! (ВИДЕО)

Килијан Мбапе е една од главните теми на преодниот рок во Европа од година во година, веќе извесно време се шпекулира дека Французинот ќе го напушти ПСЖ и ќе се пресели во Реал, но тој трансфер се уште не е реализиран.

Бидејќи му истекува договорот со парижаните, Мбапе и оваа зима беше во центарот на вниманието, а се чинеше дека конечно се договорил со Реал и дека по бројните приказни и шпекулации, Килијан конечно ќе го носи дресот на мадридскиот гигант. Сепак, се може да се промени во последен момент.

Како што пренесува „Индепендент“, во трката за потписот на Мбапе се вклучи и Арсенал, моментално трет на табелата во Премиер лигата. Според нив, Мбапе е подготвен да им се приклучи на „топчиите“ и на тој начин да ги следи стапките на Тиери Анри, најдобриот стрелец во историјата на клубот од северен Лондон, а воедно и пример на францускиот фудбалер. Сепак, ПСЖ се уште се надева дека Реал Мадрид е поатрактивна опција за Килијан и дека победникот на Светското првенство во 2018 година ќе заврши во Шпанија.