Connect with us

Ракомет

Дали е на повидок скандал на СП во Египет? Словенците затруени со храна, половина тим „трчал“ во тоалет

Published

on

Словенечката репрезентација иако има само еден пораз, сепак не успеа да се пласира во четвртфиналето на СП во Египет. Со домаќинот одиграа реми, но тоа не беше доволно за пласман понатаму.

По мечот, ако се суди според изјавата на нивниот капитен Јуре Доленец, на повидок е скандал на Мундијалот. Имено, како што тој изјави, пред мечот, но и за време на мечот половина тим имал проблеми со стомакот, односно често оделе во тоалет, а се сомневаат на труење со храна.

-Дадовме се што имавме, не уништија нашите, но и туѓите глупости Половина тим на денот на мечот имаше проблеми со стомакот. Тројца не можеа да играат, секогаш некој повраќаше. Тоа се случи и на Хрватите, се некако ми е чудно, изјави Доленец.

 

Advertisement

Facebook