Connect with us

Тајмаут

Дали е ова возможно?! По атлетичарката фрлаа со јајца, бидејќи е црна?

Да, расизмот се уште постои и против него треба се уште да се бориме, јасно е на примерот кој доаѓа од италија. Младата атлетичарка во дисциплината фрлање на диск Даизи Осаке (22), со потекло од Нигерија, непознати сторители фрлаа по неа со јајца од автомобил во движење.

Даизи се здоби со повреда на окото, а тоа ќе и го отежне настапот на Европското првенство, кое започнува за недела дена во Берлин. Италијанката кажа дека и претходно добивала навреди на расна основа, но до сега тие беа вербални. Таа тврди дека мотивот бил со расистичка природа.

„Намерно го направиа тоа. Не сакаа да ме погодат затоа што сум Даизи, туку затоа што сум црна. На тој дел има неколку проститутки, веројатно ме помешаа со нив“, рече Даизи по излегувањето од болницата.

Даизи е италијанска рекордерка во фрлање диск под 23 години со 59.72 метри. Покрај фрлањето диск професионално се занимава и со кревање тегови, а на европското првенство го освои 13. место

„За среќа не е ништо страшно. Неколку дена одмор, неколку капки и ќе бидам добро. Светот се распадна, но одам во Берлин. Одам со својот тим“, изјави Даизи.

Полицијата се уште трага по сторителот.