Другите пишуваат...
Дали Ѓоковиќ ќе игра во Рим? Од Италија стигна јасна порака
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се уште не ја започнал оваа сезона.
Неговиот прв настап во 2022 година се очекува на 21 февруари, кога започнува АТП турнирот во Дубаи.
Поради добро познатата ситуација и 11-дневната драма во Мелбурн го пропушти настапот на Австралија опен, а сега добива убави вести од Рим.
Претставник на италијанската влада Валентина Вецали рече дека Ѓоковиќ ќе може да настапи доколку сака:
„Нема услов за зелени пропусници за натпреварите што се играат на отворено. Доколку Ѓоковиќ сака да игра во Италија, ќе може да го стори тоа. Тој нема да може да посетува хотели и ресторани, но ќе може да игра“, рече Везали, потсекретар за спорт во надлежното министерство.
„Исто така, мораме да запомниме дека вонредната ситуација може да заврши на 31 март. Ќе ја процениме ситуацијата пред конечната одлука“.
Мастерсот во Рим започнува на 8 мај, а титулата од минатата година ја брани Рафаел Надал кој во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ.
Светскиот рекет број еден пет пати го освојуваше турнирот во главниот град на Италија.