Connect with us

Фудбал

Дали Макси Лопез му прости на Икарди што му ја „украде“ Ванда Нара

Макси Лопез гостуваше во емисија на аргентинското радио „FM Club Octubre“, каде освен за фудбалските теми, зборуваше и за неговиот однос со поранешната сопруга Ванда Нара, но и неговиот поранешен најдобар другар Мауро Икради.

Како што е познато, Макси Лопез и Ванда Нара беа во брак, имаат и деца, но додека беа најдобри другари, Мауро Икарди практично му ја „украде“ сопругата. Познато е дека на меѓусебни натпревари овие двајца никогаш не се поздравуваа, имаа нарушени односи. Неколку пати дури Макси Лопез се жалеше дека не му дозволуваат да си ги вид децата.

На прашањето дали стигнал до моментот да прости на Икарди, Лопез изјави:

-Да, немам проблеми со никого. Ако зборувак како човечко суштество, се што сакам е да најдам начин да ги израдувам моите деца, тоа е единствената цел која ја имам. Што се однесува до другото, тоа е веќе минато. Ја свртев страницата и тоа не влијае врз мене на било кој начин, изјави Лопез.