Фудбал
Дали Наполи најде решение за кризата, ќе ги продава непослушните?
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е подготвен да ги продаде Дрис Мертенс и Хозе Калјехон во зимскиот преоден рок, пренесува „Калчомеркато“.
Според него, тие негативно влијаат на атмосферата во тимот.
Оваа сезона, 32-годишниот Мертенс има 7 голови и 2 асистенции на 14 натпревари. 32-годишниот Калјехон постигна гол и направи шест асистенции на 15 натпревари.
Токму тие двајца се спомнуваат како иницијатори за бојкотот и непослушноста да останат во карантин до недела, по што настанаа проблеми. Меѓу нив може да се најде и фудбалерот од средниот ред Алан, кој според италијанските медиуми имал жестока кавга со синот на Де Лаурентис.
Фудбалерите се казнети со 5 илјади евра за непослушност и непочитување на правилата, а навивачите на Наполи протестираа пред тренинг центарот со пароли „Платеници“ и „Почитување“.