Кошарка
Дали НБА-лига ја добива првата жена на позицијата главен тренер
Њујорк Никс вчера останаа без тренер.
Дејвид Физдејл беше отпуштен по очајниот старт во сезоната на тимот на Биг Епл, а името на неговиот наследник сè уште не е познато.
Интересно е што Никс може да стане првиот тим што има жена на клупата. Легендарната Беки Хамон е кандидат за тренер на Никс и доколку овој тим ја ангажира, таа ќе стане првата жена тренер на тим од НБА.
Хамон во моментов ја игра улогата на помошник тренер на Грег Попович кој е тренер на Сан Антонио. Покрај неа, кандидати за клупата на Никс се Марк Џексон и Сем Мичел.
Тимот од Њујорк во моментов е најлош во лигата со сооднос од четири победи и 18 порази.