Connect with us

Фудбал

Дали Рамос намерно го повредил Салах? Лампард и Фердинанд имаат исто мислење

Многу полемики во спортската јавност беа предизвикани од дуелот на Серхио Рамос и Мохамед Салах.

Рамос го тргна Салах за раката, кој падна на теренот и го повреди рамото, а потегот на капетанот на Реал веројатно го „уништи“ финалето за Ливерпул, затоа што Реал, по излегувањето на Салах лесно го совлада Ливерпул..

Во контроверзиите околу тоа дали Рамос намерно го повреди Салах, се приклучија и Френк Лампард и Рио Фердинанд, кои го делат истиот став – не треба да се обвинува фудбалерот на Реал.

„Не мислам дека Рамос намерно го повредил Салах, тој бил блиску, реагирал како што реагира секој дефанзивец, но понекогаш тоа доведува до несакан епилог“, рече Лампард, а слично размислува и Фердинанд:

„Мислам дека тоа беше навистина добра дефанзивна реакција на Рамос и не би рекол дека сакал да го повреди Салах“, рече тој.

Се уште не е познато колку повредата на Салах е сериозна, и дали како што се шпекулира, ќе го пропушти претстојното Светски првенство.