Connect with us

Фудбал

Дали се подготвува „земјотрес“ во фудбалскиот свет, Мурињо понуден на великанот-прстите ги вмешал суперагентот?!

Познатиот менаџер Жорге Мендеш му понудил на својот штитеник Жозе Мурињо да го наследи Чави Ернандез и да стане нов тренер на Барселона, пишува денеска Ел Национал. Вчера Мурињо доби отказ од Рома која ја водеше две и пол години, а Мендеш му ја предложи идејата на претседателот на Барселона Жоан Лапорта. Како причина се наведува фактот што Каталонците се само на четвртото место во Ла Лига, додека неодамна загубија со 4:1 од Реал Мадрид во финалето на Суперкупот.

На почетокот на својата тренерска кариера, Мурињо беше помошник на Сер Боби Робсон и Луис Ван Гал во Барселона, а како главен тренер подоцна раководеше со Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал, Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Од друга страна, Чави ја презеде Барселона во 2021 година и неговиот договор е до крајот на сезоната 2025 година.

Досега има минато 118 натпревари на клупата и со тимот го освои шампионатот на Шпанија и Суперкупот на Шпанија во сезоната 2022/23. Да потсетиме, Барселона е само на четвртото место во Ла Лига и осум бода зад лидерот Жирона. Реал Мадрид и Атлетик Билбао се уште напред.