Фудбал
Дали Серие А ќе биде регуларна и кој ќе биде шампион?!
Сите мечеви во Серие А се „замрзнати“ најмалку до 3-ти април поради коронавирусот. Владата прогласи црвена зона на територијата на цела Италија. Со оглед на тоа дека и претходно беа одложени неколку меча, се поставува дали ќе заврши сезоната 2019/2020 и дали ќе биде регуларна.
Наводно се размислува за три сценарија. Едното е да се испрати барање до УЕФА за одложување, односно поместување на ЕП 2020, за да можат мечевите до крајот на мај или средината на јуни да се доиграат, што е тешко за верување.
Второто е да се направи нов календар на мечеви, што исто така е тешко со оглед на тоа дека има Серие А, Куп на Италија полуфинале, а дел од екипите се во европските купови.
Последното сценарио е прогласување на крај на сезоната, без шампион, односно тие мечеви да се одиграат паралелно со следната сезона.
Што од ова ќе се случи, останува да се види.