Connect with us

Тајмаут

Дали соиграчите ќе го спасат Менди од долгогодишен затвор? Ѕвездите на Сити сведочат на суд

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди е обвинет за силување и речиси два месеци беше зад решетки.

Францускиот дефанзивец ќе остане таму до судењето во февруари следната година, а неговите соиграчи Џек Грилиш и Ријад Махрез би можеле да се појават како сведоци на судењето.

Тој и Менди беа во ноќен клуб пред да се случи наводното силување на 17-годишната девојка.

„Беа заедно некое време, а потоа отидоа на различни страни. Грилиш и Махрез не отидоа кај Менди. За жал, ноќта што започна како врвна забава заврши со сериозни обвинувања“, рекол полициски извор за „The Sun“.

По забавата, Менди ја однел малолетничката во својот дом, каде што наводно ја силувал, а тој се товари за четири точки за силување и три за сексуално вознемирување на малолетници, што наводно ги извршил во периодот од април до август оваа година.

Судењето на Менди започнува во февруари, и доколку биде прогласен за виновен, му се заканува долгогодишна затворска казна.

Реклама

Facebook

Реклама