Тајмаут
Дали светот ќе ја види гола? Дилета Леота наводно упатила понуда, се е до играчите на Барса
Тоа се уште не е потврдено од самата водителка, но на интернет кружи гласина која веднаш го подигна пулсот на повеќето мажи ширум светот.
Најсексапилната и најубава спортска новинарка Дилета Леота (31) наводно веќе утре вечер е подготвена целосно да се соблече гола, доколку фудбалерите на Барселона успеат во нешто што би можело да се нарече мало чудо.
Како што објавија некои италијански портали, Италијанката е подготвена да соблече се и да позира пред камера доколку Барса го победи Баерн со три разлика на Алијанц-Арена.
View this post on Instagram
Баерн ја победи Барселона двапати во последната сезона од Лигата на шампионите, двата пати со 3:0. Сега Каталонците би можеле да имаат своја одмазда – и да бидат наградени за тоа. Доколку победат со таков резултат, ќе имаат сцена за паметење, а многу други мажи ќе им бидат благодарни.
Меѓутоа, прашање е дали е реално да се очекува дека Барселона, колку и да е добра, може да му направи такво нешто на Баерн, кој во минатото знаеше да демолира многу посилни верзии на каталонскиот тим.
View this post on Instagram
Дуелот се игра утре од 21 часот, а во центарот на вниманието е Роберт Левандовски. Полјакот се враќа во Баварија за прв пат откако летово се пресели во Барселона. Познато е дека во осумте години како играч на Баерн освои апсолутно се и беше убедливо најдобар стрелец на клубот.
Сепак, како и да заврши дуелот на двата гиганти на европскиот фудбал, многумина сметаат дека наводната понуда на Леота до играчите на Барса е само патка и дека во секој случај нема да бидат подготвени да одат толку далеку.
Инаку, 31-годишната убавица на својот Инстаграм профил објавува често провокативни фотографии на кои ја следат дури 8,4 милиони луѓе, а во минатото на интернет кружеа нејзини разголени фотографии кои наводно настанале кога некој го хакирала нејзиниот мобилен телефон и ги изложил приватните и интимните работи на јавноста.
Тогаш и дадоа многу луѓе, а меѓу нив беше и поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели.
„Секој има право да прави што сака со своето тело. Луѓето кои ги користат ваквите ситуации се шупаци“, напиша Балотели на Твитер и му даде поддршка на италијанскиот новинар.