Connect with us

Фудбал

Дали во најава е „бомба“: Ливерпул го продава Салах и ќе му понуди 250 милиони на ПСЖ

Некои светски медиуми пренесоа дека во летниот преоден рок се подготвува вистинска трансфер „бомба“.

Според пишувањата тренерот на Ливерпул Јурген Клоп решил да го продаде Мохамед Салах и тоа на Реал Мадрид, од кого има интерес, а со парите и плус други обезбедени средства да го купи Килијан Мбапе.

Според „Дејли Експрес“ за напаѓачот, Ливерпул на ПСЖ ќе понуди неверојатни 250 милиони евра.

Тоа би било рушење на сите рекорди за трансфер на еден фудбалер. Досегашниот го држи токму ПСЖ кој од Барселона го купи Нејмар во 2017 година за 222 милиони евра. Мбапе од Монако во ПСЖ пристигна за 145 милиони евра трансфер, плус 35 милиони договорени бонуси.