Connect with us

Други спортови

Дали забележавте? Големиот кикс со олимпиското знаме!

По една таква раскошна, импресивна и наелектризирана церемонија на отворање на Олимпијадата во Париз, настојувавме да замижуваме пред малите гафови кои се секогаш присутни – забележани или не.

Но, не за оваа!

Париз ја отвори Олимпијадата со знаме… наопаку!

Петте испреплетени кругови беа подигнати наопаку пред Ајфеловата кула. Тоа може да се види со голо око од фотографиите.

Олимпиското знаме го донесе Секуана – божицата на реката Сена. Таа галопираше надолу, на коњ, во импресивен оклоп и конечно им го подари знамето на четворица претставници на француската армија и органите на редот кои го подигнаа.

Но, трите кругови – сина, црна и црвена – беа на дното, а двата – жолта и зелена – беа на врвот.

Најпрвин грешката не беше забележана, пред се поради дождот. За време на целата церемонија врнеше дожд околу реката Сена, а влажната крпа не се крена како што сите очекуваа.

Сепак, фановите на социјалните мрежи потоа не пропуштија да ги критикуваат организаторите. „Цела година проби и конечно превртено знаме“, „Колку војници се потребни за правилно да се подигне знаме?!“ беа меѓу коментарите.

Всушност, делот со божицата Секвана беше еден од највпечатливите на шоуто. Флоријан Исерт од француската национална жандармерија влезе во нејзината улога.

За прв пат, љубителите на спортот видоа церемонија на отворање на Олимпијадата надвор од стадионот. 300.000 седнаа околу реката Сена, а повеќе од 1,5 милијарди луѓе го следеа шоуто пред екраните ширум светот.

Advertisement