Connect with us

Други спортови

Даниловиќ се повлече – Халеп без проблеми до 3. коло

Романската тенисерка Симона Халеп без проблеми се пласираше во 3. коло на последниот гранд-слем во годината, додека србинката Олга Даниловиќ се повлече од дуелот со Наоми Осака.

Пласман во третото коло обезбеди и актуелната шампионка Наоми Осака која без борба го доби мечот против младата Србина, Олја Даниловиќ. Во 3. коло досега во женскиот дел од турнирот пласман обезбедија и Елина Свитолина, Елинс Мертенс и Онс Жабур.

Престојот во Њујорк го продолжи и Викторија Азаренка со триумфот над Јасмин Паолини (6-3, 7-6/1).