Ракомет
Данска убедлива со Бахреин
Данските ракометари одиграа фантастичен натпревар против Бахреин на Светското првенство во Египет и триумфираа со убедливи 34-20 во првото коло и дуелот од групата Д.
Данска го имаше водството на мечот уште од самиот почеток на натпреварот. Уште во првиот дел беше решено прашањето за победникот, а единствена дилема беше тоа со колку голови ќе триумфира Данска.
На останатите натпревари триумфираа Полска против Тунис со 30-28, додека Унгарија запиша рутинска победа против Зеленортските острови со 34-27.