Connect with us

Ракомет

Даскаловски  ја заврши репрезентативната кариера

Златко Даскалоски одигра значајна улога во триумфот над Чиле, бранејќи го клучниот пенал на една минута до крајот за печат на победата.

Ова е идеален крај на репрезентативната кариера на овој голман, кој веќе им најавил на соиграчите дека во иднина ќе го препушти своето место на помладите чувари на мрежата. Токму поради ова била и донесена одлуката Борко Ристовски да му го препушти своето место во тимот на Даскалоски, за 34-годишниот чувар на мрежата токму на еден мундијалски натпревар да му каже збогум на националниот тим.

Покрај Борко Ристовски и Никола Митревски, за очекување е во иднина улогата на трет голман во националниот тим да му припадне на младиот Мартин Томовски од Металург.