Connect with us

Фудбал

Давид Силва доаѓа во Серие А, состанокот е веќе направен

Давид Силва по 10 години заминува од Манчестер Сити. Но, веројатно поради пандемијата од коронавирусот, ако продолжи сезоната ќе се игра без публика, нема да добие простување какво што заслужува.

Според „Кориере дело Спорт“ следната дестинација на одличниот 34-годишен крилен фудбалер ќе биде Милан. „Росонерите“ планираат мала револуција во состанов, со ангажирање на неколку искусни, но квалитетни имиња, пред се Давид Силва, но и Тијаго Силва, стоперот од ПСЖ.

Навводно менаџерот на Давид Силва веќе ги имале првите контакти и првата рунда на преговори завршила.