Connect with us

Кошарка

Давитков го објави списокот за Швајцарија

Селекторот на кошаркарската репрезентација, Јорданчо Давитков го објави списокот на играчи за последниот дуел во претквалификациите за Европското првенство.

Предводникот на националниот тим реши за дуелот со Швајцарија да не повика ниту еден натурализиран кошаркар на подготовките повика 14 играчи.

На подготовките кои почнуваат на 11 јуни покрај веќе проверените играчи во шанса ќе добиде Александар Штерјов. Мечот со Швајцарија нема резултатско значење бидејќи нашиот тим веќе го обезбеди настапот во квалификациите за континенталниот шампионат.

 

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПОВИКАНИ ЗА ПРВ СОБИР

Војдан Стојановски

Дамјан Стојановски

Александар Костоски

Дарко Соколов

Димитар Караџовски

Бобан Стајиќ

Андреј Магдевски

Адем Мекиќ

Стојан Ѓуроски

Бојан Трајковски

Бојан Крстевски

Кирил Николовски

Андреј Маслинко

Александар Штерјов