Де Лаурентис не го дава Анчелоти

Иако италијанските медиуми пишуваат дека Карло Анчелоти нема да го дочека крајот на годинава како тренер на фудбалскиот клуб Наполи, претседателот на клубот има поинакво мислење.

Аурелио Де Лаурентис ги отфрли сите шпекулации дека Анчелоти ќе биде сменет за најдоцна десет дена, и тврди дека тренерот ја има целата негова поддршка.

Во Италија се зборува дека Анчелоти ќе си замине од Наполи и ќе се врати во ПСЖ кој го водеше од јануари 2012 до јуни 2013, а како негови наследници на клупата на тимот на Елиф Елмас, се спомнуваат Масимилијано Алегри, Џенаро Гатузо и Лучано Спалети.