Connect with us

Ракомет

Дебакл на Македонија, загуби со 19 разлика од Египет

Нашата репрезентација денеска го одигра натпреварот од 2. коло од групната фаза на СП проив домаќинот Египет. Лошата игра на нашата репрезентација му овозможи висока победа на Египед од 38:19.

Македонија едноставно немаше решение ниту во нападот ниту во одбраната против фаворизираниот Египет. Нашите репрезентативци прикажаа катастрофално ложа игра во првиот дел од натпреварот во кој постигнавме само шест погодоци, додека Египет, ја „решетере“ нашата мрежа.

Египет уште на почетокот на натпреварот резултатски се оддвои и до 20. минута од натпреварот имаа 10:6, меѓутоа бројните грешки на нашите репрезентативци и безидејната игра во нападот и во одвраната му овозможија на противникот да направи серија од 10 голови и на полувреме да замини со 14 голови предност (20:6).

Не може да се каже апсолутно ништо, освен тоа што одигравме едно крајно лошо полувреме исполнето со голем број грешки.

Египет, за разлика од нашата репрезентација,скоро секоја шанса ја претвори во гол, а одличната игра ја продолжи и во второто полувреме. Во 41. минута од натпреварот домаќинот успеа да стигне до плус 20 (30:10) и оваа разлика успеаа да ја задршат до самиот крај на натпреварот.

Во второто полувреме покажавме за нијанса подобра игра, успеавме да постигнеме 13 погодоци, но сепак Египет ја оправда улогата на фаворит и издвојува победа со високи  38:19.

Генерално, со неколку зборови Македонија доживеа дебакл, поголем од претходниот.