Фудбал
Дебитант стартува за Челзи против Кристал Палас
Челзи е во сериозна криза. Тимот на Греам Потер има една победа во последните девет првенствени натпревари и е десетти на табелата. Сините се домаќини на Кристал Палас во лондонското дерби во кое им е потребна задолжителна победа.
Потер не може да се потпре на 11 играчи од првиот тим. Новото засилување Жоао Феликс е суспендиран откако доби црвен картон против Фулам. Во тимот има пет измени од претходното лондонско дерби. Жоргињо, Галагер, Зие и Чуквуемека се стартери на сметка на Феликс, Кулибали, Аспиликуета, Ковачиќ и Закарија кој е повреден. Новото засилување Беноа Бадијакиел е во стартниот состав и ќе дебитира.
A debut for Benoit Badiashile! 👊 pic.twitter.com/7BUNx2TOgQ
— Chelsea FC (@ChelseaFC) January 15, 2023