Connect with us

Кошарка

Дебито на Кармело Ентони за Портланд најрано во вторник, нема да игра против „неговиот“ Хјустон

Кармело Ентони ќе дебитира за Портланд најрано во вторник, што значи дека нема да игра против неговиот поранешен тим Хјустон претходниот ден.

Триесет и пет-годишниот ветеран треба да помине низ задолжителни медицински истражувања и дури тогаш ќе потпише со Трејлблејзерс, пренесе „ЕСПН“.

Неговиот договор со Блејзерс нема да биде целосно загарантиран.

Крилото се враќа во НБА лигата по пауза од над една година. За последно, тој одигра 10 натпревари со тимот на Рокетс на стартот на сезоната 2018/2019.