Connect with us

Ракомет

Дејан Манасков ќе има нов клуб?!

Романските медиуми најавуваат дека Дејан Манасков би можел да ја продолжи кариерата во редовите на Динамо Букурешт кој е предводен од шпанскиот тренер Чави Пасквал.

Се очекува Манасков да биде едно од новите засилувања, заедно со Чехот Станислав Кашпарек, Египќанецот Али Зеин, Украинецот Андриј Акименко…

Претходно нашиот 29-годишен играч беше дел и од Металург, Вецлар (Германија), Вардар 1961 и Рајн Некар-Левен (Германија). Последен негов клуб е Веспрем каде е од 2017-та година, но во последно време поради повреди го нема често на теренот.

 

Реклама

Facebook