Connect with us

Фудбал

„Дејли Телеграф“: Наполи и Милан ќе извисат, Ибра во јануари во Премиер лигата?!

Карло Анчелоти наскоро треба да биде промовиран во нов тренер на Евертон, клуб кој има големи планови. Токму поради ова „Дејли Телеграф“ пишува дека Златан Ибрахимовиќ во јануари ќе го облече дресот на овој тим.

Според овој медиум, 38-годишниот фудбалер, кој ќе биде слободен во јануари, ќе ги извиси Милан и Наполи и токму поради Анчелоти ќе го одбере Евертон.

Со овој тренер Ибра работеше во ПСЖ каде по 20 години ја донесоа шампионската титула. Од тогаш се во добри односи.