Други спортови
Дел Потро против Чилиќ во полуфинале во Базел
На тенискиот турнир во швајцарскиот град Базел позната е првата полуфинална двојка. Неа ја сочинуваат вториот носител Марин Чилиќ од Хрватска и четвртиот фаворит Хуан Мартин Дел Потро од Аргентина.
Ова е епилогот по досега завршените два четвртфинални меча во кои Дел Потро го совлада Роберто Баутиста АГУТ од Шпанија со 2-1, а со истиот резултат хрватскиот тенисер славеше победа над Мартин Фучович од Унгарија.
Во тек е дуелот меѓу Федерер (Швајцарија) и Манарино (Франција) по што ќе биде познат третиот полуфиналист.
Доцна вечерва ма програмата е последното четврфинале меѓу Гофин (Белгија) и Сок (САД).