Фудбал
Деле Али ќе мора да му се извинува на Мурињо, а еве и зошто
Англиските медиуми, чија специјалност е „копањето“, пронајдоа еден твит на Деле Али, фудбалер на Тотенхем, кој се однесува на Жозе Мурињо, а кој пред два дена седна на клупата на овој тим.
-Сигурно не сум единствениот кој мисли дека Мурињо е преценет и премногу арогантен. Тоа само те прави да изгледаш како лош тренер и драго ми е што никогаш нема да морам да работам со него, напишал Деле Али, на 10.03.2012 година.
Интересно е нели што сега Мурињо ќе му биде тренер, но веројатно Португалецот нема да обврнува внимание на тоа, со оглед дека кога Деле Али го напишал тоа имал само 16 години и бил член МК Донс.