Connect with us

Фудбал

Деле Али: Не сум изненаден дека го „скршивме“ Реал Мадрид

Дале Али ја очекуваше победата над европскиот шампион Реал Мадрид. Деле Али за Тотенхем со два гола придонесе во конечните 3:1.

„Среќни сме поради големиот резултат. Не сум изненаден дека ги „скршивме“, бидејќи уште на првиот меѓусебен дуел во Мадрид видовме дека можеме да се надигруваме со нив. Знаевме дека ќе добиеме ако го почитуваме договорот од соблекувалната. Нашата цел не е само да играме со вакви великани, туку и да ги победуваме“ – изјави Деле Али.

Со оваа победа Тотенхем обезбеди место во осминафиналето.