Лажна дојава за бомба во централното градско подрачје во Киев затвори пет метро станици. Оваа лажна информација предизвика голема паника како на домашните така и на гостите од целиот свет, присутни за вечерашното големо финале помеѓи Ливерпул и Реал Мадрид.
„Станиците се проверени и отворени за патницит. Експлозивни средства не се пронајдени“, соопшти киевската градска служба која управува со метрото.
Големото финале помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид се игра вечерва од 20:45 часот.