Ракомет
Ден пред собирот на репрезентацијата на Македонија, тренерот на голманите позитивен на Ковид 19
Коронавирус и во ракометната репрезентација на Македонија. Тренерот на голманите Александар Царчев е позитивен на Ковид 19 и тоа во пресрет на мечевите со Финска и Швајцарија.
-Би сакал да ја информирам јавноста дека ден пред собирот на репрезентацијата сум асимптоматски позитивен на Ковид-19 И покрај сите протоколи за заштита од оваа пандемија никој не е сигурен и имун на ова зло. Чувајте се сограѓани и со лесно нека е и со помин. Единствено жалам што во моментов не можам да и помогнам на репрезентацијата за претстојните натпревари со Финска и Швајцарија. Се надевам дека нашите голмани ќе бидат на висина на задачата и како и секогаш ќе допринесат за успех. Спортски поздрав до сите и после 10 дневниот карантин повторно се гледаме на терен, порача Царчев на својот Фејсбук профил.
