Connect with us

Ракомет

Денеска, на Водици, Македонија против Алжир ќе има ли конечно победа?!

Македонската ракометна репрезентација настапите на Светското првенство 2023 ги продолжува со мечевите за пласман од 25 – 32. место во Плоцк, во Президент купот.

Попладнево од 15:30 часот, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се соочат со Алжир во првиот натпревар од Групата-2.

Во вториот меч од оваа група од 18 часот се среќаваат Тунис и Мароко.

Во натпреварите од Главната групна фаза играат:
Катар – Холандија (15:30 часот)
САД – Бахреин (15:30)
Египет – Белгија (18:00)
Германија – Аргентина (18:00)
Данска – Хрватска (20:30)
Норвешка – Србија (20:30). зс/