Connect with us

Кошарка

Дерби натпреварот на Западот Лејкерс-Хјустон му припадна на Лејкерс

Дербито на Западната конференција, му припадна на ЛА Лејкерс.

Лејкерс на овој натпревар славеше со 124:115 иако заостануваа со 6 поени на паузата, но успеаја да направат пресврт по 32:17 во третата четвртина.

Нај ефикасен кај Лејкерс беше Леброн Џејмс, кој заврши со 31 поен и 12 асистенции. Кајл Кузма додаде 23 поени, додека Дани Грин и Кентавиус Калдвел-Поуп завршија со по 20.

Кај Хјустон, се издвоија ѕвездите Расел Вестбрук со 35 поени и Џејмс Харден со 34 беа најефикасн, но тоа не беше доволно за победа на домашен терен.

Резултати од останатите натпревари во НБА

Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 130: 133
Бруклин – Милвоки 97: 117
Бостон – Феникс 119: 123
Атланта – Детроит 103: 136
Њујорк – Филаделфија 87:90
Чикаго – Кливленд 118:116
Минесота – Торонто 112:122
Хјустон – ЛА Лејкерс 115:124
Голден Стејт – Орландо 109: 95
Оклахома – Портланд 119: 106
Јута – Сакраменто 123: 101