Connect with us

Фудбал

Дерби под Шара, Вардар пред две ипол години последен пат ја совладал Шкендија во Тетово

Покрај многуте турбуленции кои го зафатија минатата сезона и во текот на летниот период, Вардар сепак покажува одлични резултати. По поразот на стартот од Македонија ЃП и ремито против Академија Пандев, „црвено-црните“ врзаа шест победи во низа со што се најдоа на лидерската позиција на табелата.

Од друга страна, лошата серија на Шкендија во новата сезона траеше подолго, тренерот Ќатип Османи доби отказ, но тетовскиот тим, некако успеа да се консолидира, иако резултатите се далеку од посакуваните.

Поради тоа, ова е големо дерби. Пред се голем испит за Вардар дали ќе останат на победничката патека. Притисокот врз најтрофејниот тим е уште поголем ако се знае дека последен пат под Шара славеле во април 2017 година со 2:0 во рамките на Купот, а последна победа во првенството ја имаат во октомври 2017 година на домашен терен со 4:2.

Од последните 20 меча, само еден завршил без голови помеѓу овие две екипи, што значи дека и на ова дерби треба да се очекуават голови.

Шкендија на домашен терен нема пораз на последните 12 меча во низа. Последен тим кој се радувал бил Академија Пандев, минатата сезона кога славеше со 0:1. Од друга страна, пак, Вардар славеше на три од четирите гостувања во новата сезона.

ПОСЛЕДНИ ПЕТ МЕЧА:

Куп: Вардар – Шкендија 2:2

ПМФЛ: Вардар – Шкендија 0:0

ПМФЛ: Шкендија – Вардар 1:0

ПМФЛ: Вардар – Шкендија 0:2

ПМФЛ: Шкендија – Вардар 2:2

ФОРМА НА ШКЕНДИЈА, ПОСЛЕДНИ 5 МЕЧА:

Борец – Шкендија 1:0

Шкендија – Работнички 3:0

Ренова- Шкендија 0:2

Шкендија – Струга 2:0

Шкупи – Шкендија 2:0

ФОРМА НА ВАРДАР, ПОСЛЕДНИ 5 МЕЧА:

Ренова – Вардар 0:1

Вардар – Струга 3:0

Шкупи – Вардар 1:2

Вардар – Силекс 3:0

Вадар – Академија Пандев 1:0

РЕЗУЛТАТИ И ПАРОВИ ПМФЛ, 9.КОЛО

Сабота:

15:00 ч. АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ-СИЛЕКС

15:00 ч. ШКЕНДИЈА-ВАРДАР

15:00 ч . МАКЕДОНИЈА Ѓ.П-ШКУПИ

15:00 ч. БОРЕЦ -СТРУГА-ТРИМ-ЛУМ

Петок:

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 1:0

ТАБЕЛА: Вардар 19, Академија Пандев 15, Македпнија ГП 14, Ренова 13, Шкупи 12, Шкендија 10, Работнички 10, Силекс 9, Струга Трим Лум 8, Борец 5