Други спортови
Десета пол-позиција за Маркез сезонава
Актуелниот светски првак во Мото ГП, Шпанецот Марк Маркез, со својата Хонда, беше најбрз на квалификациите на патеката Мотеги во Јапонија. По десетти пат сезонава трката ќе ја стартува од најповолната пол-позиција.
Зад Маркез се пласираа тројца возачи со мотори на Јамаха. Изненади Франко Морбидели, кој ќе биде втор на стартот и имаше 132 илјадитинки послабо време од првакот, а веднаш зад него ќе бидат Фабио Квартараро и Маверик Вињалес. Валентино Роси со неговата Јамаха беше десетти.