Connect with us

Кошарка

Детроит станува сериозен тим со новото засилување Блејк Грифин

Откако Блејк Грифин пристигна во Детроит, се покажа како одличен трејд за Пистонс, кој запишаа трета победа во низа.

Во победата над Портланд од 111:91 Грифин дуелот го заврши со 21 поен, 9 скока и шест асистенции како најефикасен во победничкиот состав каде Андре Друмонд додаде 17 и Антони Толивер 15 поени.

Кај Портланд Дамиан Лилард уфрли 20 поени.

Но се чини дека и Клипер не загубија премногу со заминувањето на Грифин со оглед на тоа што во последните три средби забележаа две победи.