Connect with us

Фудбал

Девојката на Ругани ја „тресе“ Италија: Дали Јувентус знаел дека има коронавирус уште пред мечот со Интер?

Девојката на Даниеле Ругани, првиот фудбалер во Италија за кој е потврдено дека има коронавирус ја „стресе“ Италија. Имено, таа во интервју за тамошните медиуми изјавила дека нејзиното момче било тестирано на 8-март, на денот на мечот со Интер, но резултатите ги добил ден потоа. На 11 Јувентус потврди дека Ругани има Ковид-19.

-Даниеле се врати дома од тренинг, не се чувствуваше добро, имаше температура и го извести тимот дека ќе преспие на друго место. Се разбуди, се чуствуваше малку подобро, но сепак клубот одлучи да го тестира на Ковид-19. Знам сигурно дека тестот го направи во недела на 8 март, а јас на 16-ти март се тестирав, изјави Микела Персико.

Ова не се поклопува со датумите кои ги соопшти Јувентус. Тимот од Торино во писменото соопштение објавено на нивната интернет страница кога потврди дека Ругани има коронавирус, соопшти дека фудбалерот е тестиран на 11 март. Ругани беше на клупата на мечот со Интер. Дали Јуве знаел дека нивниот фудбалер има Ковид-19 пред Дербито на Италија, или сепак девојката на фудбалерот ги „помешала“ датумите останува да се види.