Фудбал
Џампаоло: Бев навивач на Интер, но не сум „Тројански коњ“
Милан во сабота и гостува на Џенова во рамките од 7.коло во италијанската Серие А. Во моментов „Росонерите“ се на 16.место со само шест бодови, поради што на тренерот Марко Џампаоло му „гори под нозете“.
На денешната прес конференција имаше канонада од прашања за негово заминување и оставка.
-Велите дека работам многу, но дека работам лошо. Ќе најдеме решение. Тоа не е оставка и никогаш нема да биде. Заминување значи дека се предавате, јас никогаш не се предавам, изјави Џампаоло, кој има договор со Милан до 2021 година.
Тој тврди дека секој ден доаѓа во тренинг центарот во 8 часот наутро и не заминува пред да се стемни.
Сепак, имаше и уште една интересна изјава.
-Бев навивач на Интер, но кога имав десет години. Не сум „Тројански коњ“. Милан е над сите лични интереси, вели Џампаоло.
Дуелот Џенова-Милан се игра утре вечер со почеток во 20:45 часот, а медиумите во италија тврдат дека ова е последната шанса за Џампаоло.