Connect with us

Тајмаут

Џанлуиџи Буфон се прости со емотивна порака на Инстаграм!

Џанлуиџи Буфон по многу години поминати во италијанскиот гигант Јувентус, конечно одлучи да го напушти тимот на крајот на сезоната.

Не е познато дали Италијанецот ќе ја заврши кариерата, но според последните шпекулации на медиумите, очигледно ќе замине во некој друг клуб.

Сепак, легендарниот Џиџи одлучи да напише емотивна порака на Инстаграм.

„6.111 моменти чиста страст. Радости, солзи, порази и победи. Ви благодарам на сите. Поради тоа што ми го направивте секој момент во црно-белиот дрес да биде посебен, како да играм во својата кожа. Кожата во која бев сакан и почитуван. Со утрешниот ден завршува патувањето. Книгата која ја пишувавме заедно. Премногу емоции има во моментов. Премногу.

Мора да почне новата авантура. Новата книга. Едноставно, мора. За Јувентус ќе го поддржувам секој играч. Ќе продолжам да испишувам важни страници во книгата за која се надевам дека нема да има крај. Затоа што клубот има единствена ДНК која не може да биде ископирана.

Јувентус е семејство. Мое семејство! И никогаш нема да престанам да го сакам, му се заблагодарувам и го нарекувам дом. Затоа што тоа ми го даваше. Дефинитивно повеќе ми даде, отколку јас на него.

Новата авантура да почне. За мене кој ќе учи да гледа на иднината со различни очи. Кој ќе тргне во нови предизвици кои ми ги носи животот и во кој никогаш нема да престанам да бидам во играта. Тој кој ќе почуствува стравопочит кон некого кој имал повеќе предизвици, понекогаш победил, а многу изгубил, но кој некогаш ќе биде свесен дека е поинаков од тие претходните.

На стадионот стигнав со велосипед. Бев многу млад. А утре сакам симболично да пешачам до таму за да го почуствувам секој чекор, секоја болка од отуѓувањето и секоја радост поради поздравот. да сфатам дека никогаш нема да бидам далеку од местото кое го нарекувам дом – засекогаш! И да ги поздравам соиграчите и пријателите кои никогаш нема да престанам да ги нарекувам браќа.

Засекогаш ваш,

Џанлуиџи Буфон“, напиша легендарниот италијански голман.