Connect with us

Кошарка

Џеј-Ар Смит го напушти Кливленд

Екипата на Кливленд по заминувањето на Леброн Џејмс е едноставно непрепознатлива, а последен кој го напушти тимот е искусниот Џеј-Ар Смит. Договорот е спогодбено раскинат, а воедно од тимот на „коњаницата” му посакаа среќа во продолжението на кариерата и уште еднаш му се заблагодарија за придонесот во освојувањето на шампионската титула во 2016 година.

Џеј-Ар Смит во својата кариера има настапувано за тимовите на Њу Орлеанс, Денвер, Њујорк, а имаше и кратка авантура во кинеската лига. Според последните вести од САД, Смит својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Лос Анџелес Лејкерс.