Connect with us

Кошарка

Џејмс и Кари ќе ги водат своите екипи на Ол-Старот

Гласањето заврши и оваа година најповеќе гласови добија Леброн Џејмс-Исток и Стеф Кари-Запад, што значи ќе ги водат своите екипи како капитени.

Оваа година Ол-старот ќе се одвива на поинаков начин т.е не е батпреваро меѓу Исток и Запад туку ќе биде Тим Леброн против Тим Кари.

Леброн Џејмс и Стеф Кари се израби за капитени откако ѕвездите на Кливленд односно Голден Стејт добија најмногу гласови, и тие сега ќе треба да одбираат со кого ќе играат на 18. февруари во Лос Анџелес.

Како стартери ќе треба да бидат Јанис Антетокумпо, Џоел Ембид, Карји Ирвинг и Демар Дерузен од Истокот и Џејмс Харден, Кевин Дурант, Ентони Дејвис и Демаркус Казаинс од Западот.

Леброн Џејмс ќе бира прв бидејќи доби повеќе гласови, па може на Стеф Кари да му го „украде“ соиграчот од Голден Стејт, Кевин Дурант.

НБА во вторник ќе ги открие и имињата на резервите (седум од секоја конференција), кои ќе бидат селектирани од страна на тренерите.