Кошарка
Џими Батлер го предводеше Мајами до победата и осмото место
Џими Батлер го предводеше својот Мајами Хит до победа од 102:91 над Чикаго во битката за осмата плејоф позиција во Источната конференција на Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА).
Батлер заврши со 31 поен, 5 скока и 3 асистенции, а успехот за Мајами значи освојување на осмото место и средба во првата рунда од плеј-офот против лидерот Милвоки Бакс.
Макс Струс придонесе со 31 поен и 6 скока за домаќините на Хит, а само во првите два дела постигна 23 поени, од кои 6 тројки.
Демар Дерозан имаше 26 поени, 4 скока и 9 асистенции за Чикаго, а Зек ЛаВин заврши со скромни 15 поени и 4 скока.
Резултатот го потврди четвртиот последователен настап во плејофот за Мајами Хит, кои ќе се обидат да стигнат до трето последователно Источно финале од 2020 година.
Во Западната конференција, Минесота се справи со отпорот на Оклахома Сити на домашен терен со 120:95 и го освои осмото место за плеј-офот.