Connect with us

Кошарка

Џинобили велегува во Hall Of Fame, 1000 натпревари во НБА

Аргентинецот Ману Џинобили влезе во HOF (Hall Of Fame), а изминатата ноќ тој забележа нов “Milestone” – во победата над Шарлот Хорнетс 108:101 тој го одигра 1000 натпревар во НБА лигата.

Џинобили натпреварот против Хорнетс го заврши со 10 поени, 4 скока и 5 асистенции, а имаше и едно забивање коие потсети на неговите најдобри времиња. Популарниот Ману кој има полни 40 години се уште има важна улога во тимот на Грег Поповиќ.

„Тоа се многу натпревари, многу години, горд сум што одиграв толку средби“, изјави Ману, кој во 1999 година како 57 пик на драфтот беше избран од страна на Сан Антонио.

Џинобили во Сан Антонио пристигна во 2002 година и досега има освоено четири шампионски титули (2003, 2005, 2007, 2014), два пати играл на „Ол стар“ натпреварот, а во 2008 беше избран за најдобриот шести играч во лигата.