Connect with us

Тајмаут

Џорџина: Живеев во магацин пред да го запознаам Роналдо

Сопругата на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез направи скандалозни откритија за нејзиниот живот пред да се сретне со португалската суперѕвезда.

Во документарната серија за нејзиниот живот, Џорџина открива дека нејзините први денови во Мадрид биле кошмари.

Џорџина се преселила во шпанската престолнина во тинејџерските години.

„Моето доаѓање во Мадрид беше вистински хорор. Гледав многу евтини станови, чинат околу 300 евра месечно. На крајот, изнајмив еден што порано беше магацин. Беше ужасно студено во зима, а многу топло во лето. Животот ми се промени денот кога го запознав Кристијано“, вели 27-годишната Џорџина, која веќе има своја модна линија.

Реклама

Facebook

Реклама